2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda не предвидува заменик на Accord

Honda не предвидува заменик на Accord

eu acc honda nas

„Honda“ запира со продажбата на моделот „Accord“ во Европа и нема намера да учествува во иднина во овој сегмент од пазарот, објави „Automotive News Europe“.

Одлуката на Јапонците е испровоцирана од намалувањето на продажбата во сегментот во кој доминираат автомобилите на германските производители на премиум возила.

„Бесмислено е да учествуваме во сегмент во кој дури најпопуларните играчи, како „Volkswagen Passat“ и „Ford Mondeo“, губат позиции против премиум предлозите „BMW 3-Series“ и „Mercedes C-Class“, изјави за весникот Леон Бранан, раководител на британската филијала на „Honda“.

„Honda Accord“ пристигна на европските пазари во 1977-ма година, а во 1992-ра почнува да се произведува во фабриката во Свиндон, Англија. По 2000-та година стана популарен по својата сигурност, па моделот повторно почнува да се произведува во Јапонија. Вредноста на јенот и транспортните трошоци не и дозволуваат на „Honda“ да се бори успешно со достапните цени на европски предлози.

eu acc honda1

Така се доаѓа до 2014-та година, кога европскиот „Accord“ реализира уште пад во продажбата – со цели 19% или само 3.453 продажби, покажуваат податоците на „JATO Dynamics“.

Вкупната продажба на марката во Европа во текот на годината достигнуваат 133.268 (пад од 5%), пресметан пазарен удел од 1%, беше објавено во статистиката на „ACEA“.

За оваа година, сепак Јапонците предвидуваат раст во продажбата на континентот, потпомогнат од новата генерација на кросоверот „HR-V“, кој ќе биде достапен од пролетта. Исто така во оваа година ќе биде пуштен и редизајнираниот „CR-V“, кој е најдобро продавана машина на марката во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП