8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдливот на капитал од Русија достигна 151 милијарда долари

Одливот на капитал од Русија достигна 151 милијарда долари

rublja-odliv-kapital-rublji

Одливот на капитал од Русија, на кој влијаеа кризата во Украина и слабеењето на рубљата, достигна 151 милијарда долари во 2014 година, соопшти руската Централна банка.

Одливот на капитал е за 2,5 пати поголем отколку во 2013 година кога тој достигна 61 милијарда долари.

Вкупната трговска размена на Русија изнесуваше 56,7 милијарди долари во 2014 година, во однос на 34,1 милијарди долари во 2013 година. Централната банка на крајот на декември минатата година прогнозираше одлив на капиталот од 128 милијарди долари, но на конечниот износ влијаеше слабеењето на рубљата.

Во последниот квартал од минатата година одливот на капитал изнесувал 72,9 милијарди долари, во однос на 16,9 милијарди долари колку што изнесуваше во истиот период претходната година.

Централната банка најави дека ситуацијата во 2015 година би требало да се подобри, иако некои економски експерти сметаат дека одливот на рускиот капитал ќе продолжи да биде „исклучително голем“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП