9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк ја предупредува Сириза

Бундесбанк ја предупредува Сириза

jens-vajdman-bundesbank

Шефот на централната банка на Германија, Јенс Вајдман, изјави синоќа дека новата Влада на Грција не би требало да дава „лажни ветувања“, пренесуваат грчките медиуми.

На предвремените парламентарни избори во Грција, вчера победи партијата Сириза која се противи на државните мерки за штедење и има намера повторно да преговара за условите на меѓународната финансиска помош за презадолжената Грција, со барање за отпишување на половина од долгот кој надминува 240 милијарди евра.

Коментирајќи ги резултатите од изборите, шефот на Бундесбанк изјави дека е „јасно дека Грција и понатака ќе биде зависна од поддршката на програмата за помош, а за да ја добива ќе мора да се придржува до договорот“, нагласи тој.

Вајдман за германската TV ARD изјави дека ја повикува идната влада на Грција „да не дава лажни ветувања кои таа земја не може да ги поднесе и да не ги доведува во прашање досега постигнатите резултати“.

Грчката TV Antena пренесува дека и претседателката на германската опозициска партија „Ди Линке“, Катја Кипинг, оценила дека денот на победата на Сириза на изборите во Грција е „прекрасен ден“ и почеток на „Европската пролет“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП