12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВР Битола поведе истрага за оштетувањето на возилата на УЈП

СВР Битола поведе истрага за оштетувањето на возилата на УЈП

ujp-zgrada1222

Секторот за внатрешни работи ­Битола поведе истрага за утврдување на причините и предизвикувачот на оштетувања на службените возила на регионалната дирекција на Управата за јавни приходи­УЈП, кои вчеравечер се случија во Битола.

Синоќа пред службените простории на регионалната дирекција на УЈП што се наоѓаат на улицата „Никола Тесла“ во Битола, оштетни се шест службени возила, потврди раководителотМенде Матевски на средба со новинарите во овој град.

Оштетени се 15 гуми на шест возила на УЈП во Битола. На овој начин упатена е лоша порака до нашиот државен орган од незадоволни граѓани, но веруваме дека предизвикувачите ќе бидат пронајдени и соодветно казнети, истакна Матевски.

Регионалната канцеларија на УЈП со седише во Битола во периодот од 23 до 25 јануари заедно со полициски инспектори од СВР­Битола и Државниот пазарен инспекторат извршија акциски контроли на 28 угостителски објекти во Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод, и според Матевски треба да се истражи дали настаните се меѓусебно поврзани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП