Британските медиуми пишуваат дека „Audi“ својата понуда на „crossover/SUV“ модели во текот на 2017-та година ќе ја прошири со својот нов модел наречен „TTQ“.
Тоа всушност би требало да биде сериска верзија на концептот „Audi TT Offroad“ кој беше една од премиерите на минатогодишниот саем за автомобили во Пекинг. Затоа, комбинацијата на купе со 4 врати и „SUV“ е направен на платформата на „Volkswagen“ – „MQB“.
Само за потсетување, „TT Offroad Concept“ има „plug-in“ хибридниот погонски систем кој е комбинација од 2.0-литарски „TFSI“ бензинец со 215 kW/292KS и 380 Nm, два електромотори (еден со 40 kW и 220 Nm, а другитот со 85 kW и 270 Nm), литиум-јонска батерија (12 kWh) и шестстепен „e-S tronic“ менувач со двојно квачило.
Тука се и податоците за димензиите – „TT Offroad Concept“ е долг 439 cm, широк 185 cm, висок 153 cm и има меѓуосовинско растојание од 263 cm.