3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЈагуар и Ленд Ровер воведуваат технологии кои ќе предупредуваат на велосипедистите (видео)

Јагуар и Ленд Ровер воведуваат технологии кои ќе предупредуваат на велосипедистите (видео)

jag opasnost1

Секој кој вози велосипед низ град, постои голема можност да биде удрен од расеан возач или пак да се забие во вратата на автомобилот, отворена токму на патот. Во предвид на многуте слични инциденти, производителите на автомобили „Јагуар“ и „Ленд Ровер“, кои се под заедничка капа на индискиот концерн „Тата“, лансираа систем кој ќе ги спречува ваквите случаи.

Опремени со голем број на сензори кои ќе ги откриваат луѓето на велосипед или мопед, автомобилите од двете марки ќе имаат различни сигнали, за да го привлечат вниманието на возачот кон потенцијалната опасност. При тоа тие ќе се разликуваат од предупредувањата за други возила во опасната близина.

Системот за моментов е именуван како „Bike Sense“ и за приближување на велосипедист од левата или десната страна на автомобилот, аудиосистемот ќе репродуцира звук како ѕвончето на велосипед или свирка на мопед од звучникот кој се наоѓа од страната на опасноста. Ако човекот на две тркала доаѓаат одзади, возачот ќе биде „потчукнат“ по рамото од седиштето за да се посвети во насока на приближување на ранлив учесник во сообраќајот.

Покрај звучните и сензорните сигнали, возачите ќе бидат предупредени и од LED светла во рамките на прозорците. При приближувањето на велосипедист или човек на мопед тие ќе светат во портокалова, а црвено кога има непосредна опасност од судир. Како и кај звучните сигнали, светлосните ќе се од страната, од каде доаѓа опсноста за судир.

Ако возачот го игнорира предупредувањето и притисне гас, „Bike Sense“ ја принудува педалата да вибрира или да се стврднува и така возачот инстинктивно разбира дека не треба да продолжува напред, додека опасноста не биде избегната. Важна карактеристика на системот е и предупредувањето дека отворањето на вратата, може да доведе до инцидент со велосипед или мотор.

Покрај веќе споменатите предупредувања, ако некој сепак се обиде да ја отвори вратата, рачката на вратата ќе почне да свети и вибрира за да обрне внимание на опасноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП