16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Со финансиските зони сакаме да привлечеме силни меѓународни компании

Груевски: Со финансиските зони сакаме да привлечеме силни меѓународни компании

gujo

Нашата идеја е да направиме меѓународна финансиска зона во Скопје. Тоа ќе бидат канцеларии каде ќе привлечеме да дојдат меѓународни финансиски институции, банки, осигурителни друштва, рече премиерот Никола Груевски во синоќешното интервју во емисијата „Јади бурек“.

Според него, две работи треба да бидат сериозен магнет за меѓународните компании.

„Едната е да важат закони кои важат во најкредибилните земји каде одат финансиите, како Англија, Луксембург и слично. Втората е да има многу ниски даноци. Упростено кажано ­
англиски закони со многу ниски даноци. Тоа очекуваме дека би ги привлекло некои од меѓународните финансиски институции тука да ги отворат своите главни седишта и од тука да
раководат дел од своите операции“, рече Груевски.

Државата, како што посочи премиерот, нема да добие директно нешто од нив во смисла на даноци, бидејќи даноците ќе бидат многу ниски.

„Тие компании ќе вработат луѓе, ќе ги тренираат вработените да работат по меѓународни стандарди. Тие компании ќе ангажираат адвокати од тука, сметководители… Тие компании ќе купат имот. Тоа се богати луѓе кои ќе доаѓаат и ќе има страничен ефект на нивно трошење“, рече Груевски.

„За македонските компании обезбедивме евтини кредити Македонската Влада се грижи подеднакво за сите, како за странските, така и за домашните компании. На домашните фирми им обезбедивме кредитни линии. Во време во кое што имаше високи каматни стапки, серија на повлекувања на кредитни линии од ЕБРД кои што се ревизибилни“, рече премиерот Никола Груевски во интервјуто во емисијата „Јади Бурек“.

Истакна дека на сите им се на располагање исти услови и додаде оти и домашните компании можат да дојдат во зоните ако ги исполнуваат условите, а таму се бара производство на
повисока технологија.

„Кредити се даваат на компаниите, компаниите по некое време ги враќаат, а државата ги враќа назад. Тие кредити се обезбедија со камата не повисока од пет ипол посто. Во време
кога каматите во Македонија беа 9 отсто, а за некои фирми и до 13 отсто, ние обезбедивме во кризното време, па и сега ­ кредитна линија која толку многу се користи што 99 отсто од сите кредити во Македонија кои се даваат на компании се даваат од таа кредитна линија“, рече Груевски.

Овој кредит, како што додаде премиерот, го имаат искористено огромен број на домашни фирми. До крајот на годината почнува изградбата на гасоводна мрежа за домаќинствата. Премиерот Никола Груевски најави дека до крајот на годината започнува изградбата на гасоводната мрежа за домаќинствата во однос на секундарната гасификација.

„До крајот на годината почнува изградбата на гасоводната мрежа за домаќинствата, за чија изградба се заинтересирани две компании од Турција и од Италија“, рече Груевски.

Како што појасни станува збор за таканаречена секундарна гасификација која ќе го доведе гасот во секој дом.

„Работиме на гасификацијата на цела држава. За примарната мрежа работиме на поврзување на гасоводот со Грција и тоа е една од опциите или, пак поврзување со Бугарија на интерконтиненталниот гасовод, а третата опција е Гаспром со кој би се поврзале од кај Крива Паланка“, рече Груевски.

Додаде дека во овој момент имаме доволно гас за цела Македонија.

„Цевката која што влегува во Македонија, што доаѓа од Газпром од Русија е со капацитет од околу 800 милиони кубни метри, ние немаме ни половина искористено од ова. Она што во овој момент ќе го правиме, секундарна гасификација на Скопје, а понатаму и на источна и на западна Македонија и гасификација на домаќинствата. Со тоа би го зголемиле капацитетот на искористеност, меѓутоа со тоа неможеме да изградиме гасни централи. Гасните централи се големи потрошувачи, домаќинствата не се големи потрошувачи. Ние да ги покриеме сите домаќинства во Македонија и лесната индустрија… Доволни ни се овие количини што веќе ги имаме“, рече Груевски.

Посочи дека се размислува за инвестиции во гасни централи, кои што би произведувале и електрична и топлинска енергија, за што се потребни нови количини на гас.

По откажувањето на проектот „Јужен тек“, Владата веќе размислува за нови можности за обезбедување на нови количини на гас. Како три опции премиерот Груевски ги посочи
поврзувањето на гасоводот со Грција, поврзување со Бугарија (интерконтиненталниот гасовод) или поврзување на гасоводот на Газпром во близина на Крива Паланка.

„Индиските компании покажаа интерес за можностите за инвестирање во Македонија При неодамнешната посета на Индија компаниите покажаа интерес за можностите за инвестирање во Македонија. Имавме многу средби со компании кои истакнаа дека за нив привлечна е добрата бизнис клима, растот на економијата, образованата компетитивна сила беше привлечна за индиските бизнисмени и компании“, ова го истакнува премиерот Никола Груевски во вечерашното интервју во емисијата на Јанко „Јади Бурек“.

„Мојот фокус е економијата. А многу од нивните луѓе не споредуваа во однос на посветеноста на Владата кон развојот на економијата. Индија е во сериозен раст и е економија која се отвора кон светот. Има комплетно нова политика. Привлекување компании и помагање за отворање нови проиводства. Влада која е фокусирана комплетно на економијата. Очекуваат раст од 6 проценти и очекуваат и наредната година растот да биде уште поголем“, истакна премиерот.

Тој додаде дека неколку компании покажале интерес за влез во Македонија и истакна дека Владата ќе продолжи да таргетира компании кои планираат да излезат надвор од Индија.

„Има компании кои може да произведуваат само во Индија, но има и компании кои поради разни работи не можат да произведат во Индија и им е потребна друга локација. Ние ги таргетираме таквите компании“, потеницра премиерот.

„Македонија има трет најголем раст во Европа и умерен јавен долг Македонија и во 2013 и во 2014 година има трет најголем раст на економијата во Европа“, истакна премиерот Никола Груевски.

­ Минатата година пред нас беа само Англија и Ирска. Трети сме ние. Само со резултатите од првите три квртали од 2014 година, бидејќи за четвртиот се уште не е објавен, имаме околу 3,9 проценти раст и тоа значи трет најголем раст во Европа. Исто беше и во 2013 година, рече премиерот во интервјуто во емисијата „Јади бурек“.

Потенцира дека Македонија има стабилна макроеконоска ситуација, релативно низок до умерен јавен долг од 39 отсто и ниска инфлација.

„Јавниот долг е низок до умерен бидејќи во ЕУ просечно е 87 проценти. На пример Хрватска има задолженост над 100 проценти, Германија има над 80 проценти, но важно е како се троши задолжувањето, односно да се насочи во паметни инвестиции кои носат ефекти економски, што ја зајакнуваат економијата, ги зголемуваат приходите во буџетот и полесно се враќаат долговите“, истакна пемиерот.

23 компании одлучија да инвестираат во Македонија, со нови 15.000 вработувања Минатата година 23 странски компании донесоа и објавија одлуки дека ќе инвестираат во земјата, со планирани нови 15.000 вработувања.

Премиерот Никола Груевски во вечерашното интервју во емисијата „Јади бурек“ истакна дека дел од нив веќе почнаа да градат, дел се влезени како браунфилд инвестиции, а дел се во фаза на подготовка на проекти.

­ Овие најавени инвестиции очекуваме да донесат нови 15.000 вработувања. Во Штип имаме 600 вработувања, во Маркарт 600 вработувања. Со дел од нв потпишавме договори, како со
КСС кои ќе градат во Кичево и кои веќе имаат ангажирано помал број вработени, а планираат 1.000 вработувања. ОДВ електрик планира 1.000 луѓе, Костал 1.000 вработувања. Анфенол во Кочани почнаа и сега имаат над 100 вработени, а планират 2.000, како и холандската Антура која планира 200 вработувања, посочи премиерот.

Тој додаде дека досегашните странски инвестиции отворија нови 13.000 работни места, и оти покрај 15.000 нови вработувања од најавените инвестиции се очекуваат и дополнителни
индиректни вработувања.

Посочи дека годинава очекува, иако, како што вели, секогаш се внимателни со бројките, 25 нови компании да објават инвестиција.

„СОНК го променија мислењето и излегоа со нереални барања Премиерот Никола Груевски смета дека СОНК има неодговорен и непринципиелен однос и оти поради изборите во синдикатот преку ноќ го променија мислењето и излегоа со нереални барања. СОНК е синдикат со кој досега имавме најдобра соработка во смисла на дискусија за проектите. До вчера викаше дека Владата ги надмина нивните очекувања и се исполнува многу повеќе од тоа што очекуваат, а сега неколку месеци пред изборите внатре излегоа со барања кои не се реалн“и, рече премиерот во интервјуто во емисијата „Јади бурек“.

Тој додаде заради таквиот однос немаат поддршка и штрајкуваат помалку од 10 отсто од наставниците. Досега направивме многу во образованието.

„Ја зголемивме минималната плата која во 2006 година изнесуваше просечно 7.600 денари. Тансфериравме работен однос на 7.000 наставници во постојан работен однос, се потпиша колективен договор, шест години по ред имаме бесплатни учебници, ги зголемивме платите во образованието неколкукратно, се направија куп чекори кои променија многу нешта“, истакна премиерот.

Тој потенцира дека секогаш се отворени за разговори но кога станува збор за реални и разумни барања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП