28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо крајот на годината почнува изградбата на гасоводна мрежа за домаќинствата

До крајот на годината почнува изградбата на гасоводна мрежа за домаќинствата

gasifikacija222

Премиерот Никола Груевски најави дека до крајот на годината започнува изградбата на гасоводната мрежа за домаќинствата во однос на секундарната гасификација.

„До крајот на годината почнува изградбата на гасоводната мрежа за домаќинствата, за чија изградба се заинтересирани две компании од Турција и од Италија“, рече Груевски.

Како што појасни станува збор за таканаречена секундарна гасификација која ќе го доведе гасот во секој дом.

„Работиме на гасификацијата на цела држава. За примарната мрежа работиме на поврзување на гасоводот со Грција и тоа е една од опциите или, пак поврзување со Бугарија на интерконтиненталниот гасовод, а третата опција е Гаспром со кој би се поврзале од кај Крива Паланка“, рече Груевски.

Додаде дека во овој момент имаме доволно гас за цела Македонија.

„Цевката која што влегува во Македонија, што доаѓа од Газпром од Русија е со капацитет од околу 800 милиони кубни метри, ние немаме ни половина искористено од ова. Она што во овој момент ќе го правиме, секундарна гасификација на Скопје, а понатаму и на источна и на западна Македонија и гасификација на домаќинствата. Со тоа би го зголемиле капацитетот на искористеност, меѓутоа со тоа неможеме да изградиме гасни централи. Гасните централи се големи потрошувачи, домаќинствата не се големи потрошувачи. Ние да ги покриеме сите домаќинства во Македонија и лесната индустрија… Доволни ни се овие количини што веќе ги имаме“, рече Груевски.

Посочи дека се размислува за инвестиции во гасни централи, кои што би произведувале и електрична и топлинска енергија, за што се потребни нови количини на гас.

По откажувањето на проектот „Јужен тек“, Владата веќе размислува за нови можности за обезбедување на нови количини на гас. Како три опции премиерот Груевски ги посочи поврзувањето на гасоводот со Грција, поврзување со Бугарија (интерконтиненталниот гасовод) или поврзување на гасоводот на Газпром во близина на Крива Паланка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП