3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцускиот приватен сектор во благ пад

Францускиот приватен сектор во благ пад

padpadot

Францускиот приватен сектор во јануари оваа година повторно забележа благ пад на активностите, покажуваат првите податоци на Маркит.

Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ), кој ги комбинира индустријата и услужниот сектор, во јануари изнесуваше 49,5 поени, по 49,7 поени забележани во декември, задржувајќи се под границата од 50 поени која го раздвојува растот од падот на активностите, пренесува Ројтерс.

Вредноста на овој показател е помала од 50 поени непрекинато од месец април минатата година.

Подиндексот кој го мери нивото на активности само во услужниот сектор изнесувал 49,5 по 50,6 поени забележани во декември, додека аналитичарите предвидуваа 50,7 поени.

Наспроти тоа, подиндексот на производната индустрија е зголемен, и тоа на 49,5 поени во месец јануари од 47,5 поени забележани во декември, со што го достигна највисокото ниво од мај 2014 година. Според консензусот на аналитичарите, тој требаше да изнесува 48,1 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП