5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMasterCard е првата компанија која оди во Куба

MasterCard е првата компанија која оди во Куба

master card 2954

„MasterCard“ стана првата голема компанија за издавање на платежни картички која најави дека ќе работи во Куба.

Повикувајќи се на новите насоки од американското Министерство за финансии, „MasterCard“ соопшти дека во Куба, со почеток на 1. март, ќе започне да ги прифаќа трансакциите од американските сопственици на платежни картички.

Тоа е најавено еден месец откако претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека неговата земја ќе започне со обновата на нормални дипломатски односи со комунистичката Куба, по 50 години санкции.

Најавата на Обама ќе им помогне на Американците кои заминуваат на Куба да ги посетат роднините или да заминат таму од некои други дозволени причини, како што се образовните посети.

Општиот туризам и понатака е под ембарго, а за неговото укинување е потребна дозвола од Конгресот во САД.

Со новите закони, кои се објавени овој месец, отстранета е забраната за американските банки и компании за платежни картички да работат на Куба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП