8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави падот на кредитирањето во Грција

Забави падот на кредитирањето во Грција

grcija12knhyrt55

Вкупното кредитирање во Грција е намалено во ноември за 2,9 проценти на годишно ниво, а темпото на пад е побавно во однос на претходниот месец, покажаа официјалните податоци на Банката на Грција.

Кредитите одобрени на Владата се намалени во месец ноември за 1,7 проценти по падот од 7,0 проценти во претходниот месец, наведува централната банка во своето соопштение, пренесува грчкиот весник Катимерини.

Кредитите одобрени на претпријатијата и домаќинствата, исто така, се намалени за 3,0 проценти по падот од 3,2 проценти во октомври, додава банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП