21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОценка на раководителите за економската состојба на деловните субјекти во декември 2014...

Оценка на раководителите за економската состојба на деловните субјекти во декември 2014 година

Untitled

Економската состојба на деловните субјекти нивните раководители во декември 2014 година ја оценуваат како поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на декември 2013 година.

Државниот завод на статистика објави дека оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во декември 2014 година е на еднакво ниво како и во претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, додека очекувањата за бројот на вработените се поповолни.

Во декември 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали, се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во декември 2014 година се намалени во однос на ноември 2014 година.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2014 година изнесува 61,3 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во декември 2014 година имаат недоволната странска побарувачка со 22,9 отсто, недоволната домашна побарувачка со 18,5 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 15,2 отсто и финансиските проблеми со 9,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП