7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на фалсификувани евра

Зголемен бројот на фалсификувани евра

EVRI

Бројот на фалсификувани евра повлечени од оптек порасна во втората половина од 2014 година, соопшти денес Европската централна банка (ЕЦБ).

„Во периодот јулу-декември 2014 година, од оптек се повлечени 507.000 фалсификувани банкноти евро, што е за 44 проценти повеќе во однос на втората половина од 2013 година“, се наведува во полугодишниот извештај на ЕЦБ за фалсификувањето на банкнотите евро, пренесува агенцијата Франс прес.

Централната банка, сепак, наведува дека уделот на фалсификатите е многу мал, со голед дека во втората половина од минатата година во оптек биле пуштени 16 милијарди банкноти евро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП