12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМилијардерот Ли Кашин го купува британски O2

Милијардерот Ли Кашин го купува британски O2

li kasin 35

Компанијата „Hutchison Whampoa“ на Ли Кашин започна ексклузивни преговори за купување на британскиот безжичен оператор „O2“, трговското име на „Telefonica“, за до 10.25 милијарди фунти (15 милијарди долари). Ова ќе е најголемото странско купување на милијардерот, пишува „Bloomberg“.

Сопственикот на „Three career“ во Велика Британија ќе плаќа почетна сума од 9.25 милијарди фунти во готово, изјавија од „Hutchinson“. Компанијата може да плати уште една милијарда фунти по завршувањето на договорот, со што ќе создаде најголемиот мобилен оператор за телефони во Велика Британија по бројот на корисници.

Во Кралството се подготвуваат за уште трансакции на пазарот, откако „British Telecom Group“ започна ексклузивни преговори со лидерот во продажбата на безжични услуги „EE“ за негово купување. Ова ќе ги остави помалите оператори да се прилагодат на зголемената конкуренција.

„O2“ водеше преговори за заеднички активности со „BT“, но тие беа откажани, откако поранешниот телефонски монопол го избра „ЕЕ“.

Ова се доаѓа за само две недели, откако компанијата „Hutchinson“ на Ли го објави планот од 24 милијарди долари за обединување на двете главни холдинг компании.

Акциите на „O2 Telefonica“ поскапеа за 2.7% до 12,11 евра за акција на берзата во Мадрид, додека  акциите на „Hutchinson“ додадоа 3% на својата вредност во трговијата во Хонг Конг.

Неодамна Ли Кашин повторно стана најбогатиот човек во Азија, враќајќи си ја титулата од сопственикот на „Alibaba.com“ Џек Ма. Ова се случи откако цената на акциите на неговата компанија „Cheung Kong Holdings“ скокнаа најмногу во последните 17 години. Причината за порастот беше објавувањето на планот за реорганизација на компанијата, која ќе чини 24 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП