18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис форум за поголемо искористување на ЕУ фондовите

Бизнис форум за поголемо искористување на ЕУ фондовите

biznis forum 35 pesevski

Поголемо искористување на ЕУ фондовите и размена на искуства како тоа да се постигне е целта на „Бизнис иновацискиот форум 2015” што денеска се одржа во Скопје во организација на општина Гази Баба.

На настанот присуствува претставници на три големи европски мрежи, ЕБАН ­ мрежа на бизнис ангели од Европа, ЕБН ­ мрежа на бизнис иновативни центри од Европа и Вест БИЦ ­ ирската мрежа на бизнис иновативни центри кои посотојат веќе дваесетина години и континуирано го помагаат растот и развојот на компаниите со кои соработуваат. Беше посочено дека е предвидено во општините Гази Баба и Тетово да се отворат првите бизнис иновативни центри во Македонија.

Вицепремиeрот за економски прашања Владимир Пешевски во своето обраќање на бизнис форумот посочи дека иновацијата е еден од клучните двигатели на економскиот развој и додаде дека токму зголемувањето на конкурентноста и економскиот развој врз основа на знаењето и иновациите е еден од приоритетите на Вадата.

„Владата ги поддржува иницијативите во насока на подобро искористување на ЕУ фондовите, особено оние кои доаѓаат од локалната власт. Токму зголемувањето на иновативноста во македонските компании е една од главните цели на Владата за следниот период. И преку Националниот совет за претприемништво и преку Фондот за иновации се креираат и мерки и политики со кои се поттикнува иноватвноста, бидејќи таа постепно станува пресудна во креирањето на конкурентноста на секоја држава“, рече Пешевски.

Тој посочи дека како резултат на тоа што е досега напревено Македонија бележи скок на табелата за глобална конкурентност за 10 места за 2014 година и во овој момент во регионот претставува најконкурентна економија после Бугарија.

„Се надевме дека ќе продложиме да го подобруваме рангот и во идnиот период. Рангирањето не е најбитно туку реалните резултати на македонските компании од кои некои во изминатиот период преку иновации и успешно работење од мали семејни фирми прераснаа во средни компании. Се надевам дека тие преку исористување на ЕУ фондовите ќе имаат и пристап до европските пазари што е и една од целите на денешната средба“, потенцира Пешевски.

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски оцени дека на денешниот бизнис форум има можност да се размени искуство со бизнисмените од Македонија и странство и да се разгледа можноста за заедничка соработка во насока на искористување на ЕУ фондовите.

„Општина Гази Баба во изминатиот период со повеќе партнери склучи договор за заедничка соработка и формира конзорциоум во кој членуваат претставници од академскитот, јавниот, приватниот и невладиниот сектор. Целта ни е заеднички поуспешно да се подготвиме за искористување на ЕУ фондовите“, потенцира Трајковски.

Илија Вучков, директорот на Центарот за знаење и иновации ЕМКИЦЕ рече дека европските мрежи со синхронизирана соработка со приватниот, јавниот, академскиот и невладиниот сектор веќе успеале и повеќето компании со кои соработуваат имаат раст и развој.

„Овој модел функционира и ние сакаме да го имплементираме за наши услови. Целта е да се создаде систем преку кој нашите компании ќе можат директно да имаат партнери во делот на бизнисот, но и во делот на развојот на иновации и зголемување на нивната конкурентност. Тоа ќе значи дека веднаш ќе имаат пристап до европските пазари и до партнерите на европските мрежи, а за нивна промоција на располагање ќе им биде и Канцеларијата на ЕБН во Брисел“, потенцира Вучков.

Азир Алиу, претседателот на Асоцијацијата на бизнис ангелите од Турција најави дека во април нивна делегација на инвеститори ќе ја посети Македонија и оти ќе се обидат да најдат заинтересирани стартап компании за коинвестирање. Тоа посочи ќе биде и добар пример за цела Југоистична Европа.

Хуан Мануел Ревуелта, директорот на Европската фондација за финасирање иновации на регионално и локално ниво ­ Финоварегио посочи дека имаат многу искуство во јавно­приватното партнерство во областа на иновациите во туризмот, менаџирањето со отпадот, намалувањето на емисијата на ЦО2 и обновливите извори на енергија .

„Сметаме дека Македонија има многу потреби и можности да развива одржливи нови работни места преку соработка со европските мрежи“, рече Ревуелта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП