21 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШто се може Apple да купи доколку сака

Што се може Apple да купи доколку сака

apple

„Apple“ моментално поседува 137 милијарди долари во кеш, па се поставува прашањето што би можела компанијата да купи, кога би сакала.

Во прашање е навистина импресивна сума на пари која компанијата ја има на располагање. Погледнете што се може „Apple“ да купи, доколку сака.

Тие би можеле да купат 17.9 куќи за секој вработен во „Yahoo“, па тие да бидат поблиску до работата како што сега посакува Извршниот директор на  „Yahoo“, Мелиса Маер. Тоа би било приближно 206.015 домови за 11.500 работници со просечна цена од 665.000 долари од куќа.

„Apple“ доколку сака би можел да купи добар дел од интернет светот одеднаш вклучувајќи ги: „Groupon“ (3.36 милијарди долари), „Yahoo“ (25.95 милијарди долари),„ Facebook“ (61.7 милијарди долари), „Twitter“ (10 милијарди долари), „LinkedIn“ (18.32 милијарди долари) и „Pinterest“ (2.5 милијарди долари).

Исто така можат да купат „WiFi mini iPad“ од 16GB за 416.413.374 луѓе или за секој жител на Америка, Франција и Шпанија.

Тие со банкнотата од еден долар би можеле да ја поплочат цела Силиконска долина.

А најинтересно е што на секој жител на светот би можеле да му поклонат по 19.38 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП