3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКинезите го направија најбрзиот хибриден SUV на планетата (фото)

Кинезите го направија најбрзиот хибриден SUV на планетата (фото)

kina suv

Кинеската компанија „BYD“ го претстави својот нов хибриден „SUV“, како и две негови екстремни модификации, пишува весникот „CarNewsChina“, при објави и фотографии на моделите.

„BYD Tang“, како што се нарекува модел, претставува бензин-електричен „SUV“ со погон на сите четири тркала. Агрегатот комбинира 2.0-литарски бензински турбо-мотор со моќност 205 кѕ и два електромотори, од кои секој развива 150 кѕ.

kina suv2

Вкупната моќност на хибридниот агрегат достигнува 505 кѕ и 720 Nm вртежен момент, кој претвора моделот во најбрзото хибридно „SUV“ на планетата.

Од двете страни на хибридот е поставен натпис „5-4-2“, кој не е случаен. Првата цифра покажува дека „Tang“ развива од 0 до 100 км/час за помалку од 5 секунди, втората означува погонот на четири тркала, а третата е дека моделот има просечна потрошувачка на гориво од само 2 л/100 км.

kina suv1

Кинескиот производител веќе прифаќа нарачки за својот хибриден „SUV“, но во моментот ги нема објавено цените. За сметка на тоа, сепак откри колку чинат двете специјални верзии на моделот.

Првата се нарекува „Tang Limited“ и ќе биде произведена во серија од само 98 примероци. Таа се одликува со богата опрема, црвени алуминиумски тркала, елементи од вистинско дрво, ексклузивна кожа тапацир и друго. Цената на модел во Кина е 300.000 јуани, што е приближно 41.600 евра.

kina suv4

Вториот специјален „BYD Tang“ се нарекува „Ultimate Edition“ и е достапен во серија од 200 примероци. Тој демонстрира сеопфатен бодикит, карбонски детали, подобрена аеродинамика и лесна конструкција, како и двојна цена. Моделот чини 600.000 јуани или приближно 83.370 евра.

Шокантна сепак не е само цената на „BYD Tang Ultimate Edition“. Оваа верзија спринтира од место до 100 км/час за само 4,4 секунди, што ја става меѓу првите 3 најбрзите кросовери на планетата.

kina suv3

Се очекува до крајот на 2015-та година компанијата „BYD“ да го претстави и својат суперавтомобил „Han“, за која се тврди дека ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за само 3,9 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП