19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Adidas поголеми од очекуваните

Приходите на Adidas поголеми од очекуваните

OB-TU486_CADIDA_P_20120718022238

Германскиот производител на спортска опрема „Adidas“ го зголеми приходот од продажбата за 2,0 проценти, што е повеќе од очекувањата, и потврди дека ќе го оствари целниот профит за 2015 година.

Овој втор најголем производител во овој сектор, зад „Nike“ прецизираше дека во 2014 година неговиот приход достигнал 14,80 милијарди евра, додека аналитичарите во просек предвидуваа 14,68 милијарди евра приходи, пренесува Ројтерс.

Меѓутоа, акциите на „Adidas“ загубија една третина од вредноста во 2014 година, главно поради загриженоста поврзана со вредноста на рубљата, која ослаби поради тензиите меѓу западните земји и Русија, се вели во соопштението.

„Нашата продажба забележа силен замав во четвртиот квартал, со двоцифрен раст во Западна Европа“, изјави генералниот директор на „Adidas“, Херберт Хајнер и додаде дека позитивниот тренд е присутен и во Кина, како и во останатите земји во развој и во Латинска Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП