13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГласините за продажба на Twitter предизвикаа раст на акциите

Гласините за продажба на Twitter предизвикаа раст на акциите

google-et-twitter

Акциите на „Twitter“ поскапеа за 3,3% по шпекулациите дека социјалната мрежа ќе биде купена од интернет гигантот „Google“, пишува „Bloomberg“.

Цената на акциите друштвената мрежа со седиште во Сан Франциско пораснаа за 3,3% или до 39,07 долари на крајот на тргувањето во Њујорк.

„Twitter“, кој следниот месец треба да ги објави резултатите за кварталот, и предтходно бил предмет на интерес од страна на инвеститорите и се шпекулираше за потенцијална продажба.

Гласините се без извор, без потврда и не се коментирани од ниту една од двете компании.

„Купувањето е тешко, но не и невозможно“, изјави аналитичарот на „Sun Trust Robinson Humphrey“, Роберт Пек пред „CNBC“.

Портпаролот на „Twitter“, Џим Проусер и неговиот колега од „Google“ – Тин Драјанен, посочуваат дека нема да коментираат гласини и шпекулации.

Шпекулации за купување на „Twitter“ од страна на „Google“ имаше уште во 2009-та година. Во тоа време се тврдеше дека концернот може да плати помеѓу 10 и 20 милијарди долари.

Во 2008-ма година, пак „Twitter“ ја одби понуда за купување на 500 милиони долари во форма на акции од социјалната мрежа „Facebook“. Според соопштението на компанијата, главната причина поради која понуда е пропадната, е најниската цена. Освен тоа акционерите на „Twitter“ сакале да го елаборираат бизнис моделот на сајтот и да започнат да генерираат приходи, какви во моментов нема, пишува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП