2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW Series 5 GT (сепак) ќе има иднина!?

BMW Series 5 GT (сепак) ќе има иднина!?

gt pazar444

Моделот кој повеќето фанови на „BMW“ не можат да му го простат на баварскиот производител на автомобили, најверојатно ќе ја дочека и втората генерација, пишува „Auto Moto und Sport“.

Кога би морале да се одлучите само за еден модел кој не сакате да го видите во гамата на „BMW“, многу љубители на оваа автомобилска марка би го избрале токму „BMW Serieѕ 5 GT“.

Сепак, изгледа дека овој модел од лансирањето во 2009-та година привлече доволен број на купувачи, па така го оправда своето постоење.

Германскиот магазин пренесува дека „BMW Serieѕ 5 GT“ имал добри продажни резлутати во САД и Кина.

Најновата вест доаѓа како мало изненадување, со оглед дека поранешниот извршен директор на „BMW“ за северноамериканскиот пазар во 2011-та година изјави дека одлуката на купувачите да им се понуди „Seriеѕ 5 GT“ била погрешна, што беше поддржана со тогашните продажни резултати во САД, кои беа помеѓу 2 и 4 пати полоши од планираните.

Втората генерација на моделот „Gran Turismo“ ќе биде врз основа на новата „Seriеѕ 5“ која најверојатно ќе биде претставена во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП