5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Шпанија бележи пад втора година по ред

Невработеноста во Шпанија бележи пад втора година по ред

shpanijaspanija544454

Стапката на невработеност во Шпанија се намали во 2014 година на 23,7 проценти, втора година по ред, во момент на економското закрепнување, но и понатака е една од највисоките во Европската унија, покажаа вчера официјалните податоци во Мадрид.

Невработеноста минатата година е намалена од 25,73 во 2013 година, бидејќи услужниот сектор вработил поголем број на луѓе, благодарение на силната туристичка сезона, а раст на вработувањата е забележан и во градежниот сектор, соопшти шпанскиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Падот на невработеноста ги надмина и очекувањата на конзервативната влада на премиерот Маријано Рахој, која за 2014 година прогнозираше стапка на невработеност од 24,2 проценти.

Шпанската економија, четврта според големината во еврзоната, бележи скромен но стабилен раст од средината на 2013 година, кога излезе од втората рецесија од 2008 година. Бројот на луѓе без работа минатата година е намален за 433,900. Во услужниот сектор истовремено се отворени 344,200 нови работни места, во индустријата 98,000, а во градежниот сектор 40,000.

Владата во Мадрид верува дека економијата во 2014 година пораснала за 1,4 проценти, а дека оваа година ќе напредува за 2,0 проценти.

На крајот на 2014 година, во Шпанија без работа биле 5,46 милиони луѓе, наведува Заводот. Поголема стапка на невработеност во ЕУ има само Грција. Владата предвидува дека невработеноста до крајот на оваа година ќе се намали на 22,2 проценти, но Меѓународната организација не е така оптимистична и прогнозира стапка од 23,8 проценти, додавајќи дека невработеноста во Шпанија ќе остане над 20 проценти до крајот на деценијата.

Невработеноста во Шпанија во 2007 година изнесуваше 8,57 проценти, што беше најниското ниво од воспоставувањето на демократијата по смртта на Франциско Франко од 1975 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП