4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord го зголемува производството на најбараните модели во Европа

Ford го зголемува производството на најбараните модели во Европа

pro ford

Поради раст на побарувачката, „Ford“ во своите фабрики во Германија ќе го зголеми дневното производство на најпродаваните модели – „Fiestа“, „Focus“, како и миниван возилата „C-MAX“ и „Grand C-MAX“, соопшти компанијата.

„Ford“ од февруари во погонот во Келн, каде се изработува нивниот најпродаван европски модел – „Fiesta“, ќе го зголеми бројот на автомобили кои во текот на еден ден ќе излегуваат од производните ленти за 300, па просечното дневно производство во оваа фабрика ќе достигне 1.850 возила.

Покрај тоа што е најбараниот модел на „Ford“ во Европа, „Fiesta“ претходните две години беше најпродаван мал автомобил на „стариот континент“.

Компанијата во германската фабрика Шарлуис, во која се изработуваат „Focus“ и „C-MAX“, како втор и трет најбарани модели на „Ford“ на европскиот пазар, веќе го зголеми производството за 240 нови автомобили дневно или на 1.770 возила.

Ford“ на средината на јануари соопшти дека продажбата на нивните автомобили во Европа за 2014-та пораснала за 7.3 отсто во однос на 2013-та година. Пазарниот удел е зголемен за 0.2% или на 8 проценти, па „Ford“ и во 2014-та остана производител број 2 во Европа, по „Volkswagen“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП