8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбрзо растат долговите на Словенија, Хрватска и Бугарија

Најбрзо растат долговите на Словенија, Хрватска и Бугарија

ekevropskakomisija298

Словенија, Хрватска и Бугарија се членки на Европската унија кои на крајот на третиот квартал минатата година забележале највисок раст на јавниот долг, покажаа вчера податоците на Европскиот завод за статистика, Евростат.

Јавниот долг на Словенија во третиот квартал пораснал за 16,8 проценти на годишно ниво, на Хрватска за 7,3 проценти, а на Бугарија за 6,6 проценти.

Најостар пад на јавниот долг иствовремено забележале Ирска, чиј долг е намален за 9,4 проценти, Полска забележала намалување од 8,0 проценти и Луксембург 5,0 проценти.

До крајот на третиот квартал од 2014 година, највисок јавен долг од 176 проценти од БДП забележала Грција, а следи Италија со 131,8 проценти и Португалија со 131,4 проценти, додека најниски долгови имаат Естонија 10,5 проценти од БДП, Луксембург 22,9 проценти и Бугарија 23,6 проценти.

Во однос на вториот квартал од 2014 година, растот на јавниот долг во третиот квартал бил најголем во Бугарија (3,1 проценти), Португалија (1,9 проценти) и Данска (1,6 проценти), додека најголемо намалување на долгот евидентирале Кипар (5,1 проценти), Малта (2,7 проценти) и Унгарија (2,6 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП