7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОчите на Европа вперени кон Марио Драги

Очите на Европа вперени кон Марио Драги

mari-dragi-fani

Европската централна банка (ЕЦБ) на првиот состанок во оваа година, ја зaдржи референтната каматна стапка на 0,05 проценти.

Банката најави дека подоцна ќе ги претстави дополнителните поттикнувачки мерки.

Како и што се очекуваше, ЕЦБ ја задржи REPO каматната стапка на непроменето ниво од 0,05 проценти, а другите две каматни стапки (маргиналната каматна стапка и каматната стапка на депозитите) на 0,30 проценти, односно минус 0,20 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

„Дополнителните монетарни мерки ќе ги претстави претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, подоцна на конференцијата за новинари“, се наведува во соопштението на оваа институција.

Глобалните инвеститори со нетрпение го чекаат обраќањето на претседателот на ЕЦБ, Марио Драги и претставувањето на деталите од новата програма за откуп на државни обврзници за стимулирање на слабата економија на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП