18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаследникот на Alfa 159 ќе биде претставен во јуни

Наследникот на Alfa 159 ќе биде претставен во јуни

159 alfa

Новиот стилски правец на италијанскиот производител ќе биде откриен на 24-јуни, кога „Alfa Romeo“ ќе и ја прикаже на јавноста лимузината од средна класа, која во гамата ќе го замени моделот „159“, соопшти извршниот директор Харалд Вестер на авто-саемот во Детроит.

Од компанијата се уште нема официјална потврда дека новиот модел ќе го добие името „Giulia“, како што подолго време се шпекулираше.

Според зборовите на шефот на „FIAT“, Серџо Маркионе, сериозно се разгледува и на тоа име, со оглед дека „Giulia“ претставува значајно име во историјата на „Alfa Romeо“. Тој додаде дека новата „Alfa“ ќе биде важен играч во сегментот на премиум лимузините од средна класа.

„Autonews“ пренесува дека е во план и спортска верзија како ривал на моделите, како што е „BMW M3“, a зa погон ќе се користи модифициран „V6“ турбо-бензинец од моделите „Maserati Ghibli“ и „Quattroporte“ кој би развивал околу 480 ks.

Mаркионе претходно објави дека имаат амбициозен план според кој до 2018-та годишната продажба на „Alfa Romeo“ ќе достигне 400.000 возила, од кои 150.000 би биле пласирани во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП