6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOppo го претстави 5.9-инчниот U3 фаблет

Oppo го претстави 5.9-инчниот U3 фаблет

opo u serija

Кинескиот производител на мобилни уреди „Oppo“ го претстави својот 5.9-инчен фаблет, првиот уред од новата „U“ серија.

„Oppo U3“ е уред чиј 5.9-инчен екран има резолуција од 1080p, а во однос на куќиштето, тој сочинува 80.5% од предната страна.

Внатре се наоѓа процесорот „MediaTek“ со 64-бити „MT6752“ со осум јадра на такт од 1.7 GHz, 2 GB работна меморија и 16 GB слободен простор за чување на податоци, кој може да се прошири со „microSD“ картичка до 128 GB.

Задната камера е од 13-мегапиксели со „LED“ блиц и има можност за снимање на 50-мегапикселни фотографии со комбинирање на четири различни фотографии во една со висока резолуција („Super Zoom“ опцијата). Предната камера е одлична за снимање на „селфи“ фотографии благодарејќи на својата 5-мегапикселна камера.

Оперативниот систем е „Android 4.4 KitKat“ во комбинација со сопствениот „Colo OS“ интерфејс на „Oppo“. Уредот има поддрша за „4G LTE“ мрежата, „Wi-Fi 802.11 b/g/n“, „Bluetooth 4.0“, како и „GPS“, a батеријата има капацитет од 3000 mAh.

Oppo U3“ ќе биде достапен во бела и црна боја, но засега неговата цена е непозната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП