9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДесетти пат по ред Реал ја предводи листата на најбогати клубови

Десетти пат по ред Реал ја предводи листата на најбогати клубови

r bogati 5

Реал Мадрид ја предводи листата на најбогати фудбалски клубови за сезоната 2013-14 година, информира „BBC“. Со сметки се занимава познатата ревизорска компанија „Deloitte“, која еднаш годишно го изготвува финансискиот рејтинг.

Приходите на „кралскиот клуб“ за минатата сезона достигнаа сумата од 549.5 милиони евра, што е за 30.6 милиони повеќе од претходната година. Веќе за десетта година по ред Реал е на чело на оваа листа.

Минатата сезона Реал ја освои Лигата на Шампионите, Суперкупот на Европа и Купот на Шпанија. Растот на приходите се определува од продажбата на правата за пренос на натпреварите и од реклами.

20-те најбогати клубови за сезоната 2013-14 година:

1. Реал (Мадрид, Шпанија) – 549.5 милиони евра

2. Манчестер Јунајтед (Англија) – 518 милиони евра

3. Баерн (Германија) – 487.5 милиони евра

4. Барселона (Шпанија) – 484.6 милиони евра

5. ПСЖ (Франција) – 474.2 милиони евра

6. Манчестер Сити (Англија) – 414.4 милиони евра

7. Челзи (Англија) – 387.9 милиони евра

8. Арсенал (Англија) – 359.3 милиони евра

9. Ливерпул (Англија) – 305.9 милиони евра

10. Јувентус (Италија) – 279.4 милиони евра

11. Борусија (Дортмунд, Германија) – 261.5 милиони евра

12. Милан (Италија) – 249.7 милиони евра

13. Тотенхем (Англија) – 215.8 милиони евра

14. Шалке (Германија) – 213.9 милиони евра

15. Атлетико (Шпанија) – 169.9 милиони евра

16. Наполи (Италија) – 164.8 милиони евра

17. Интер (Италија) – 164 милиони евра

18. Галатасарај (Турција) – 161.9 милиони евра

19. Њукасл (Англија) – 155.1 милиони евра

20. Евертон (Англија) – 144.1 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП