23 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi го потврди моделот Q8

Audi го потврди моделот Q8

Audi Q7 /Standaufnahme

Шефот на „Audi“, Руперт Шадлер најави дека неговата компанија започнала со развој на нов флагмански кросовер. Тој ќе го носи името „Q8“ и ќе биде ориентиран во прво време кон пазарите во САД, Канада и Блискиот Исток.

Без да открива многу детали од проектот, во интервју за „Bloomberg“ шефот на „Audi“ изјави дека неговата компанија интензивно работи на новиот модел. Тој ќе биде купе кросовер, чија цел е да ги зајакне и зацврсти позициите на брендот во Северна Америка и да обезбеди раст на продажбата најмногу на пазарот во САД.

„Убеден сум дека во 2020-та година ќе треба еден нов кросовер, кој се претвори во предводник на брендот. Тој ќе биде не само многу луксузен, но и ќе ги покаже највисоките технологии со кои „Audi“ располага и ги развива“, коментира Шадлер.

Во основата на „Audi Q8“ ќе биде на платформата на која е предвидена и прикажана неодамна на новата генерација на „Q7“. Благодарение на широката употреба на алуминиум, армиран карбон и специјален челик во конструкцијата, новиот автомобил ќе биде еден од најлесните во својот сегмент. При должина од над 5000 мм кросоверот ќе тежи не повеќе од 2 тони.

Идниот модел ќе се нуди со стандардни мотори со внатрешно согорување, со хибриден агрегат и со електричен погон. Основниот кросовер ќе биде бензински на „V6“ мотор со зафатнина од 3.0 литри, а топ верзијата ќе се потпира повторно на бензински, но „V8“ со зафатнина 4.0 литри и 2 турбини. Неговата моќ ќе надминува 500 кѕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП