7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКувајт има грандиозен нафтен план

Кувајт има грандиозен нафтен план

kuvajt-oli-company

Кувајт, челнка на ОПЕК, ќе инвестира околу 100 милијарди долари во нафтeни проекти со цел модернизација на најважниот економски сектор во наредните пет години.

„Веќе започнавме со имплементација на стратегијата за 2030 година, а вкупната потрошувачка во наредните пет години се проценува на 100 милијарди долари“, изјави министерот за енергетика на Кувајт, Али Ал Омар во Кувајт, пренеусва агенцијата Франс прес.

Ал Омар додаде дека средствата ќе бидат инвестирани во бројни проекти во врска со производството, преработката и транспортот на нафта. Кувајт планира да го зголеми производството на нафта од 3,2 на 4 милиони барели дневно до 2020 година, и тоа ниво да го задржи до 2030 година.

Приходите од нафтениот сектор сочинуваат околу 94 проценти од вкупните јавни приходи на Кувајт. До крајот на 2015 година, планиран е раст на производството на нафта до 3,5 милиони барели дневно, изјави извршниот директор на државниот нафтен конгломерат „Кувајт Петролеум“, Низар Ал Адасани.

Кувајт минатата година лансираше два големи проекти: еколошко прилагодување на две до три рафинерии вредно 12 милијарди долари и проектот за производство на тешки нафти вреден 4,2 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП