23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган: Централната банка не ја сфати пораката

Ердоган: Централната банка не ја сфати пораката

turcija2

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја карактеризираше вчерашната одлука на Централната банка на Турција за намалувањето на референтната каматна стапка за 50 базични поени како „недоволна“ и ја обвини банката дека не ја „сфатила пораката“.

„За нас е невозможно ова намалување да биде доволно. Изгледа дека Централната банка не добила дел од пораката“, изјави пред новинарите Ердоган, кој се наоѓа на турнеја во која ќе ги посети Етиопија, Сомалија и Џибути, пренесува агенцијата Франс прес.

Неговите коментари доаѓаат само еден ден по одлуката на Централната банка, под политички притисок, да ја намали неделната REPO стапка на 7,75 од 8,25 проценти, прв пат во последните шест месеци. Централната банка минатата година агресивно ги зголеми клучните каматни стапки за да го поттикне растот на турската лира по остриот пад.

Високите каматни стапки, според Ердоган, се еден од клучните проблеми кои и штетат на економијата.

„Оваа каматната стапка мора да биде намалена, за претприемачите да инвестираат“, заклучи Ердоган.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП