21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Русија 13,5 проценти

Инфлацијата во Русија 13,5 проценти

rusija1rus1

Министерот за економски развој на Русија, Алексеј Уљукајев, прогнозира дека до крајот на јануари инфлацијата ќе порасне на 13,5 проценти на годишно ниво.

На денешен ден, во споредба со истиот датум минатата година, растот на цените изнесува 12 проценти, а прогнозата е дека до крајот на тековниот месец таа ќе порасне на 13,5 проценти на годишно ниво, изјави тој.

Уљукајев нагласи дека цените на прехрамбените производи растат побрзо од годишниот просек. Според податоците на Министерството за економски развој, во минатата година нивниот раст изнесувал 15,4 проценти, а на денешен ден 16 проценти, пренесува Тасс.

Министерот укажа дека на растот на цените влијае курсот на националата валута и увозот, особено овошјето, зеленчукот и месото. Тој го сврте вниманието и на влијанието на механизмите за санкции и контрасанкции, на растот на цените како и на преголемата побарувачка до која дошло во четвртиот квартал.

Тоа доведе до силен раст на цената на житните култури (30 проценти), шеќерот (25 проценти), тестенините и маслото, објасни Уљукајев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП