4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП ракомет: Во тежок меч Хрватска ја победи Македонија

СП ракомет: Во тежок меч Хрватска ја победи Македонија

iopli

Во тежок меч исполнет со голема борба, фаворизираната Хрватска ја победи Македонија, во дербито од 4.коло на Б групата на Светското ракометно првенство што се одржува во Катар.

Нашите ракометари одлично го отворија натпреварот и во 14 минута веќе имаа највисоки 4 гола предност 9:5.

По тајм-аутот кој го зема хрватскиот селектор Голужа, следуваше серија на Хрватска од 4:0 за израмнување на резултатот 9:9 во 18-минута.

Следуваше период во кој се играше гол за гол се до 26 минута кога Хрватите направија нова серија, овој пат од 3:0 и во 28-та минута за прв пат поведоа со 14:13.

До крајот на првиот дел двете селекции постигнаа по еден гол, па на полувреме се замина со резултат 15:14 за Хрватска.

И првите 7-минути од второто полувреме минаа во ист ритам, а резултатот беше израмнет 17:17. Но, така беше се до 38-минута. Тогаш, чешките судиите најнапред го исклучија Миркуловски, а потоа неоправдано и капитенот Лазаров.

Хрватите знаеја како да го искористат тоа. Цели 10-минути не ни дозволија да постигнеме гол, а со серијата од 5:0, во 47-минута Хрватска имаше и предност од 5 гола разлика 22:17.

До крајот на натпреварот противникот рутинирано знаеше да ја сочува предноста и на крајот
славеше победа со 26:29..

Во нашата селекција најефикасен беше капитенот Кирил Лазаров кој средбата ја заврши со 7 постигнати голови.

По 3 гола постигнаа: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов.

Во хрватската селекција голманот Мирко Алиловиќ со 13 одбрани ( 8 во второто полувреме), заедно со најефикасниот Иван Чупиќ кој постигна 9 гола, беа двајцата најдобри поединци.

Домогој Дувњак беше стрелец на 5 гола, а Марко Копљар и Дамир Бичаниќ постигнаа по 4.

На останатите два натпревари од оваа група, Тунис ја победи Босна и Херцеговина 27:24, а Австрија беше подобра од Иран со 38:26.

Хрватска сега е единствената со максимален број на бодови во Б групата (8), пред Македонија која остана 6, Австрија 5, Тунис 3, БиХ 2 и Иран 0.

За нашите ракометари утре е слободен ден, а во петок против Австрија ќе треба да останат непоразени доколку сакаат да го сочуваат второто место во групата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП