18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„ЧОКОЛАДНА ЗЕМЈА“ трети пат по ред во Веро Центарот

„ЧОКОЛАДНА ЗЕМЈА“ трети пат по ред во Веро Центарот

cokoladna-zemja-naslov

„Чоколадната земја“ во Веро-центарот, сега веќе еден од најголемите настани поврзани со ова слатко задоволство по трети пат нуди дегустација и продажба над 1000 различни чоколадни производи од домашни и странски производители.

Потрошувачите ќе имаат можност да уживаат во млечни, бели, црни или чоколади со разни вкусови и додатоци на Европа, Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион, Ритер спорт, Шотеген, Тофифи, Звечево, Микадо, Нестле, Карнила и Кармела.

cokoladna-zemja-2

Од 23 јануари до 19 февруари Веро-центарот ќе понуди чиста чоколадна возбуда и доживување со уникатни игри и активности за најмладите, дегустација на најдобрите чоколада и колачи, можност потрошувачите да научат за потеклото на чоколадата, неговата обработка, кулинарски истражувањаи многу повеќе!

„И оваа година сме особено задоволни што на потрошувачите можеме да им понудиме најразлични примероци и најголем избор на чоколада, чоколадни бонбони и колачи од големото портфолио на нашите излагачи.

cokoladna-zemja-3

Оваа чоколадна екстраваганција ќе развесели многу љубители на чоколадото и ќе им понуди можност за истражување, споделување искуства и уживање во нивниот омилен десерт.

Можете да купите нешто за себе или да однесете како подарок за денот на вљубените“ – изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро супермаркетите.

Веро-центарот ги повикува сите дечиња заедно со нивните родители да дојдат и да ги вкусат најслатките чоколади и да уживаат во светот создаден само нив.

Ве очекуваме во Чоколадната земја.

cokoladna-zemja-4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП