20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГалерија: Honda CR-V зa 2015-та година

Галерија: Honda CR-V зa 2015-та година

h crv

Редизајнираната „Honda CR-V“ напролет пристигнува во продажните салони во Европа. Покрај стилските промени на екстериерот, најважен новитет е воведувањето на новиот 1.6-литарски дизел мотор со 160 ks во комбинација со шестстепен мануелен менувач или изборен деветобрзински автоматик.

На моделот кој на пазарот наскоро ќе ја замени актуелната верзија, променет е дизајнот на маската на ладилникот, фаровите за магла и стоп-светлата, како и предниот и заден браник.

h crv1

Фаровите се со „LED“ светла и изгледаат модерно, додека задните светлосни групи сега визуелно се поврзани со хромирана маската која се простира под стаклото на вратата на багажникот.

Понудата на мотори, исто така е модернизирана, па така „CR-V“ зa 2015-та наместо стариот 2.2-литарски „i-DTEC“ дизел со 150 „коња“ ќе добие 1.6-литарски „i-DTEC“ кој произведува 160 ks (118 kW) и развива 350 Nm максимален вртежен момент.

h crv2

Новиот мотор ќе биде достапен само во верзија со 4×4 погон, а во комбинација со шестстепен мануелен менувач или изборен деветобрзински автоматик.

Благодарејќи на новиот мотор, емисијата на „CO2“ е намалена за 11 проценти (нa 130 g/km), во верзијата со мануелен менувач, односно за 20 отсто во моделот кај кој моќта се пренесува на тркалата со помош на автоматската трансмисија.

h crv3

Според фабричките податоци, моторот 1.6-литарски „i-DTEC“ со погон на сите 4 тркала и мануелен менувач просечно троши 4,9 l/100 km.

Во понудата и натаму ќе биде дизел верзија со преден погон, опремена со актуелниот 1.6-литарски „i-DTEC“ мотор со 120 ks, чија фабрички декларирана потрошувачка изнесува 4,4 l/100 km. „Honda“ очекува дека дизелите ќе бидат 60 отсто од продажбата во Европа.

h crv4

Купувачите ќе можат да сметаат и на 2.0-литарска бензинска „i-VTEC“ верзија со 155 ks. Oвој модел ќе може да се набави како со преден, така и со погон на сите 4 тркала, а покрај мануелниот, на располагање ќе биде и автоматски менувач.

Во верзијата со преден погон и мануелен шестбрзински менувач, бензинецот на поминати 100 km троши 7,2 l.

Јапонскиот производител соопшти дека моделите за 2015-та година ќе имаат подобрен систем за управување и суспензија, а за прв пат „CR-V“ ќе биде опремен со новиот интелегентен адаптивен темпомат (i-ACC).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП