4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата „Елитте СОФА“ е дел од најголемиот саем за мебел во Келн

Компанијата „Елитте СОФА“ е дел од најголемиот саем за мебел во Келн

kiol

Компанијата за тапациран мебел „Елитте Софа“ од Скопје учествува на најважниот меѓународен саем за мебел Imm 2015 кој се одржува во Келн, Германија.

Компанијата во рамки на учеството на саемот кој се одржува од 19 до 25 јануари ќе ги претстави своите производи и можностите во производство на ексклузивни гарнитури за седење, софи и лежаи. Гарнитурите се изработуваат во висококвалитетна телешка кожа или различни типови на штоф, меѓу кои новост кај оваа компанија се гарнитури во мебел штоф кој е отпорен на дамки и вода.

sofa

На овој саем учествуваат 1250 изложувачи, а се очекуваат над 142.000 посетители. Ова е најважниот меѓународен саем од оваа бранша на кој учествуваат најголемите имиња, брендови и иноватори од целиот свет.

kelk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП