24 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗLotus полека излегува од кризата

Lotus полека излегува од кризата

loki 46

Во последните неколку години во „Lotus“ немаа многу причини за задоволство. Компанијата работеше со загуби, ги менуваше директорите, отсуствуваше од најважните саеми за автомобили. Меѓутоа, најновите вести кои пристигнуваат од „Lotus“ укажуваат дека овој производител излегува од повеќегодишната криза.

Во последните 9 месеци „Lotus“ испорача 1.565 aвтомобили, со раст во продажбата од 54%. Најдобри резултати се постигнати на европскиот пазар каде продажбата порасна за 81%, благодарејќи на одличните резултати во Франција (+143%), Германија (+139%) и Велика Британија (+88%).

Скок во продажбата е забележан и на другите важни пазари, вклучувајќи ги Блискиот исток и САД, а бројот на продажни места ширум светот е зголемен на 163, со најава за отворање на 50 нови продажни салони до крајот на 2015-та.

Меѓутоа, за натамошниот успех на „Lotus“ ќе биде неопходно компанијата наскоро да претстави и нови модели. Според најавите на овој производител, тоа ќе се случи веќе на почетокот на март, на авто-саемот во Женева, каде „Lotus“ ќе изложи нов автомобил.

Детали за новиот „Lotus“ засега не се познати, но се претпоставува дека станува збор за редизајн на некој од актуелните модели.

Во компанијата велат дека ќе останат верни на досегашната пракса во израбока на агилни, лесни спортски автомобили, кои пред се нудат задволство во возењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП