18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Netflix ги надмина прогнозите

Профитот на Netflix ги надмина прогнозите

netfix1111

Акциите на интернет телевизиската стриминг услуга „Netflix“ поскапеа со над 12%, откако компанијата објави подобра од очекуваното добивка во четвртиот квартал на 2014 година, објави „ВВС“.

„Netflix“ има реализирано 83 милиони долари нето добивката за периодот – раст од 73% во однос на постигнатите пред година 48 милиони долари. Приходите се зголемени за 23% до 1.48 милијарди долари.

Компанијата исто така соопшти дека растот на нејзините меѓународни претплатници ги надмина прогнозите. „Netflix“ има вкупно 57.4 милиони претплатници, од кои 18.28 милиони се надвор од САД.

Од компанијата велат дека ќе ја завршат предвремено својата меѓународна експанзија во рок од две години и дека таа ќе биде профитабилна.

Иако компанијата истакна „розови“ прогнози за 2015-та година, таа сепак додаде дека конкуренцијата во секторот се зголемува. Пиратеријата пак останува голем проблем за стриминг услугата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП