18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Велика Британија најниска стапка на невработеност за последните шест години

Во Велика Британија најниска стапка на невработеност за последните шест години

velika-britanija545343

Стапката на невработеност во Велика Британија во периодот септември-ноември минатата година се намали на 5,8 проценти од работоспособното население, со што го достигна најниското ниво за повеќе од шест години, а бројот на кандидати за работа продолжи да се намалува и во декември.

Бројот на невработени во декември 2014 година се намали за 29,700 на вкупно 868.000 лица, додека економистите просечно очекуваа пад за 25,000 луѓе. Во ноември бројот на кандидати за работа во Велика Британија е намален за 29,600.

Според официјалната статистика, за период од три месеци, заклучно со ноември, стапката на невработеност е намалена на 5,8 проценти, по 6,0 проценти во претходниот квартал (јуни-август). Меѓутоа, вработената популација истовремено порасна за само 37,000, на 30,8 милиони, што е најслабиот квартален раст на бројот на вработени од кварталот март-мај 2013 година.

Вкупните приходи на вработените, сметајќи ги и бонусите, во споменатиот период (септември- ноември 2014 година) порасна за 1,7 проценти, како што предвидуваа економистите, по растот од 1,4 проценти во периодот август-октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП