20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНовата генерација на R8 ќе дебитира во Женева

Новата генерација на R8 ќе дебитира во Женева

audi-r8-e_tron

По осум години и бројни патни и тркачки верзии, изгледа дека на мартовскиот Саем за автомобили во Женева ќе имаме можност да ја видиме светската прмиера на новата генерација на „Audi R8“, a за таа манифестација е закажана и премиерата на електричната „E-tron“ верзија.

Втората генерација на „Audi R8“ во Женева ќе се појави во купе и електричната верзија, а како што тврдат изворите, почетокот на производството се очекува за јуни.

Како што претходно дознавме, од моторите во понудата ќе бидат 4.2-литарски „V8“ и 5.2-литарски „V10“ агрегати со поголема моќ и намалена потрошувачка, а подоцна се очекува и 4.0-литарски „twin-turbo V8“.

Новата генерација на „R8“ ќе биде полесна од актуелната, ќе има подолго меѓуосовинско растојание, а изгледа ќе биде достапна само со седумстепен менувач со двојно квачило.

Кога станува збор за електричната „E-tron“ верзија, таа според најновите најави би требало да има автономија од околу 500km.

„Кога во 2009-та го претставивме концептот „E-tron“, не бевме задоволни од неговиот домет од 220km, па проектот мораше да се доработува. Сега имаме можност да понудиме верзија која има домет помеѓу 400 и 500km“, изјави Хакенберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП