На позициите генерален директор во најголемите светски комании се наоѓаат едвај пет проценти жени, а колку компанијата е поголема толку оваа појава е поретка.
Истражувањето кое го спроведе Меѓународната организација за труд опфати 80 земји во светот.
Студијата откри дека Норвешка со 13,3 проценти во големите компании во кои водечката функција во управниот одбор им е доверена на жените, го зазема првото место во светот. Само четири земји (Финска, Велика Британија, Норвешка и Шведска) имаат удел на жените поголем од 20 проценти во управувачкиот одбор на најголемите компании, додека оваа стапка во 13 земји, меѓу кои и Швајцарија, САД, Франција и Германија тој удел изнесува од 10 до 20 проценти.
Иако жените сеуште се во сенка на мажите кога станува збор за управувањето со светските стопански гиганти, нивниот број во раководечките позиции, особено во средното и високото ниво, порасна во последните 20 години, се наведува во студијата.