3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродолжуваат одличните резултати на Винер Осигурување

Продолжуваат одличните резултати на Винер Осигурување

LOGO Winner NEW 2012

Компанијата ја заврши деловната 2012 година со профит зголемен за 60% во однос на претходната година и како неприкосновен лидер во решавање на штети.

Сумирањето на финансиските резултати од деловната 2012, како и почетокот на 2013 година покажуваат дека осигурителната компанија Винер – Виена Иншуренс Груп продолжува со одличните резултати, остварувајќи континуиран и стабилен раст од квартал во квартал.

Компанијата соопшти дека ја завршила измината година со приходи од 630 милиони денари и со рекорден профит од 32 милиони денари, што е за огромни 60% повеќе од претхдната година. Растот продолжил и во 2013, па така Винер Осигурување само во јануари годинава остварила бруто полисирана премија од 100 милиони денари. Истовремено компанијата е лидер во решавањето на штетите и компанија со најмал број на нерешени штети во државата.

Генералниот директор на Винер, г-дин Зоран Нарашанов, основата на постојаниот раст ја лоцира меѓу другото и во константното унапредување на високиот квалитет на услуга на клиентите, за кои вели дека се приоритет на компанијата. „Акцентот кој го ставивме на ефикасното и брзо решавање на штетите е вистински начин уште повеќе да се зајакне супериорната постпродажна усуга по која клиентите го препознаваат Винер на пазарот. И покрај константното зголемување на обемот на работа, и засилувањето на тимот со најквалитетните и најперспективните кадри на пазарот, успешно ги контролираме трошоците што ни обебзедува рекорден профит.“ – вели тој.

Од компанијата уште додаваат дека се мошне задоволни што со успешната работа и одличните резултати успеале да придонесат групацијата на која припаѓа Винер, Виена Иншуренс Груп да ги зголеми инвестициите во Република Македонија и дека со преземањето на Кјуби Македонија, групацијата ќе го заземе лидерското место на пазарот кое според реномето и припаѓа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП