22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на франкот го погоди цел свет

Растот на франкот го погоди цел свет

Switzerland National Bank

Одлуката на Швајцарија да се откаже од ограничувањето на растот на домашната валута имаше последици на целиот свет, оцени гувернерот на Националната банка на Австрија, Евалд Новотни.

Тој, на конференцијата за економскиот магазин „Евромани“ укажа дека од изненадувачкото зајакнување на швајцарскиот франк најмногу се погодени земјите од Централна и Источна Европа.

Новотни, кој е потпретседател на Европската централна банка, објасни дека уделот на хипотекарни кредити индексирани во швајцарски франци, кои ги земале граѓаните во земјите на Централна и Источна Европа се големи.

Според него, во Австрија тој удел е 18 проценти, додека во Унгарија дури 26 и Полска 14 проценти.

„Мислам дека не треба да драматизираме. Ова се главно долгорочни кредити, така што нема поголеми ефекти кои настапуваат веднаш“, изјави тој.

Новотни смета дека ситуацијата со франкот ја покажува предноста на монетарната унија, каде постои заедничка валута.

Коментирајќи го економскиот раст во светот, австрискиот гувернер во своето обраќање на конференцијата, укажа дека САД имаат голем раст, додека еврозоната има послаби перспективи за раст.

Земјите од Централна и Источна Европа, како што додаде, имаат перспективи за раст кои се над европскиот просек. Иако не очекува дефлација, Новотни изјави дека централните банки мораат постојано да ги следат случувањата, бидејќи е потешко да се води борба со дефлацијата отколку со инфлацијата.

Централните банки на Европа и САД по кризата во 2007 година реагираа силно, а притоа применија различни стратегии, објасни тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП