21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНадворешниот долг на Русија намален за 18 проценти

Надворешниот долг на Русија намален за 18 проценти

Ñ 1 ÿíâàðÿ 2011 ãîäà ïîâûñèòñÿ ïëàòà çà óñëóãè ÆÊÕ

Надворешниот долг на Русија во 2014 година е намален за 17,7 проценти, на 599,49 милијарди долари, од 728,86 милијарди долари една година претходно, соопшти Централната банка на Русија.

Во апсолутна смисла, долгот минатата година е намален за 129,36 милијарди, додека во 2013 година, спротивно на тоа, беше зголемен за 92,44 милијарди долари (14,5 проценти), пренесува Интерфакс.

Надворешната задолженост на небанкарскиот сектор на економијата е намалена во 2014 година за 60,29 милијарди долари (13,8 проценти), на 376,47 милијарди долари. Од нив за 20,34 милијарди долари (13,5 проценти) на 130,94 милијарди долари се намалени должничките обврски на компаниите кон директните инвеститори и претпријатија со директни инвестиции.

Банките минатата година го намалија долгот за 43,29 милијарди долари (20,19 проценти), на 171,1 милијарди. Задолженоста на органите на државната управа е намалена за 20,22 милијарди долари (32,7 проценти) на 41,51 милијарди долари.

Истовремено, долгот на Централната банка на Русија е намален за 5,55 милијарди (34,8 проценти, на 10,4 милијарди долари.)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП