10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Тврдам, еврозоната е стабилна

Шојбле: Тврдам, еврозоната е стабилна

G

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле им даде уверување на индиските официјални лица дека еврозоната нема да падне во нова криза.

Шојбле истовремено ја пофали новата влада на индискиот премиер, Нарендра Моди.

„Ја стабилизиравме еврозоната и го надминавме недостатокот на доверба кој во последните неколку години ја зафати Европа“, изјави Шојбле за време на посетата на Њу Делхи, каде се сретна со индискиот премиер Моди, пренесува агенцијата Франс прес.

„Финансиските пазари во светот ја воочија стабилизацијата на еврозоната и јас можам да потврдам дека еврозоната е стабилизирана“, изјави Шојбле, намалувајќи ја така загриженоста од нова нестабилност поради шпекулациите за распад на еврозоната по потенцијалнта победа на грчката левичарска партија Сириза на парламентарните избори оваа недела.

Шојбле, исто така, упати пофалби на сметка на индискиот премиер, пред се поради отворањето на индиската економија и трансформацијата на земјата во индустриски центар, но и за намалување на бирократијата и корупцијата, како и поедноставувањето на даночниот режим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП