12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанска ја намали основната каматна стапка

Данска ја намали основната каматна стапка

danska145454

Данска ја намали основната каматна стапка во обид да го спречи зајакнувањето на националната валута, круна, по одлуката на Швајцарија да се откаже од политиката за ограничување на вредноста на франкот во однос на еврото.

Постоеа шпекулации дека Данска би можела да го следи примерот на Швајцарија и да го укине фиксниот курс на круната во однос на еврото.

Данска ја намали каматата на депозитите на минус 0,2 проценти од минус 0,05 проценти, а каматата на позајмените пари е намалена од 0,2 проценти на 0,05 проценти.

По воведувањето на овие мерки, круната стана помалку привлечна за инвеститорите, со што се ублажува притисокот врз централната банка да продолжи да купува евра, пренесува BBC.

Данска ја врза својата валута за еврото за да им помогне на домашните извозници и да ја задржи стабилна инфлацијата.

Централната банка мораше да интервенира за да го одбрани фиксниот курс, бидејќи вредноста на круната порасна.

Кредитниот рејтинг на Данска е на максималното ниво – ААА, поради што нејзината валута е безбедно засолниште за чување на пари во време на финансиски и економски кризи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП