5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБогатите купувачи се повеќе бараат ексклузивност во автомобилите

Богатите купувачи се повеќе бараат ексклузивност во автомобилите

luk cars

Се повеќе од најбогатите луѓе во светот се откажуваат од луксузните суперавтомобили кои едноставно можат да ги купат од автосалоните, а наместо тоа порачуваат рачна доработка со цел да го задржат чувството за ексклузивност.

Во битката за ексклузивност производителите на луксузни автомобили нудат специјални услуги и ултралуксозни модели.

Автомобилски брендови, како „Ferrari“, нудат повеќе персонализирани услуги, кога станува збор за нивниот најскап модел. Претходно овој месец „Rolls-Royce“ најави дека измената на автомобили го достигна највисокото ниво, а повеќето клиенти сакаат автомобили со рачна доработка, особено по сопствен вкус.

luk cars1

Поранешниот извршен директор на „Lotus“, сепак споделува пред „CNBC“, дека повеќето автопроизводители не можат да се справат со модификациите кои едниот процент од најбогатите луѓе во светот сакаат да добијат, а дизајнот на слични дополнителни работи понекогаш вредат колку самото возило.

„Сметам дека автопроизводители се обидуваат да тргнат во таа насока, но се ограничени од производствените процеси, како и од трошоците, од времето и од инженерската активност“, вели Дани Бар, основач на компанијата за рачна доработка на автомобили „Ares Performance“ пред „CNBC“.

Бројот на клиенти кои доаѓаат за дополнително да ги персонализираат автомобилите во „Ares“, ги  надминува значително прогнозите на Бар. Тој очекувал неговата компанија да обработи 25 автомобили во 2014-та година, но наместо тоа, требало да извршат интервенции на 62 возила, а за оваа година нивниот број најверојатно ќе е околу 150.

luk cars2

„Ако си купуваш автомобил за 1 милион фунти, ќе сакаш одвнатре таа да е твој вкус. Понекогаш промената само на кожата, или на рабовите, или на бојата на дрвените украси едноставно не е доволно“, вели Бар.

Пазарот на луксузни автомобили се развива добро. Во 2014-та година, „Rolls-Royce“ забележа рекордна продажба во својата 111-годишна историја, а другите автопроизводители исто така се обидуваат да влезат на пазарот на луксузни автомобили.

Неодамна „Mercedes“ објави дека „Mercedes-Maybach S600“ ќе чини 190.000 долари, додека американскиот производител „Cadillac“ вети дека ќе вложи 12 милијарди долари, за да го „нападне“ пазарот на луксузни автомобили.

luk cars3

„Ferrari“ дури го намалува бројот на автомобили кои ги произведуваат, за да се зајакне дополнително ексклузивноста на брендот. Бар вели дека повеќето негови клиенти не ги транспортираат своите автомобили до фабриката во Модена, Италија, а наместо тоа купуваат сосема нови автомобили кои се испраќаат таму директно од производителот. Две третини од неговите клиенти се од Блискиот Исток и Русија.

Една од најчудните желби која компанијата на Бар ја добила, била од маж, кој сакал фармерките на неговата девојка да бидат зашиени на неговото седиште.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП