21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците за 40 дена од банките повлекле седум милијарди евра

Грците за 40 дена од банките повлекле седум милијарди евра

grcijabanki5v4f54vf

За само 40 дена Грците од банките повлекле депозити во вкупна вредност од седум милијарди евра, соопшти агенцијата „Блумберг“ повикувајќи се на „двајца сигурни извори од банкарските кругови во Грција“, пренесува дописникот на МИА од Атина.

Грците сакаат да ги заштитат своите пари во пресрет на предвремените парламентарни избори во недела, па така во декември, кој е месец во кој традиционално депозитите растат, биле повлечени околу три милијарди евра. До средината на овој месец се повлечени уште четири милијарди. Според податоци на Централната банка, во ноември депозитите во грчките банки изнесувале вкупно 164,3 милијарди евра.

Токму поради овие повлекувања, две грчки банки „Еуробанк“ и „Алфа банк“ побарале пристап до фондот за вонредно обезбедување ликвидност (ЕЛА).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП