Проблематичниот финансиски сектор на Европа покажува извесни знаци на закрепнување поради олабавувањето на стандардите за одобрување на кредитите за претпријатијата и зголемената побарувачка за кредити.
„Според јануарската анкета за банкарското кредитирање (BLS), кредитните стандарди за сите катогории на кредити се олабавени во четвртиот квартал од 2014 година, се наведува во извештајот на ЕЦБ и истовремено се додава дека побарувачка за кредити исто така е во пораст, пренесува агенцијата Франс прес.
„Во последниот квартал од 2014 година регистриран е раст на нето побарувачката за кредити, особено за кредитите одобрени на нефинансиските корпорации, но и за потрошувачките кредити“, се додава во извештајот.
Кога станува збор за оваа година, ЕЦБ очекува продолжување на олабавувањето на кредитните стандарди во првиот квартал од 2015 година, како и понатамошен раст на побарувачката за кредити.
Резултатот од анкетата би требало да и даде поттик на ЕЦБ откако поради слабата кредитна активност во еврозоната беше обвинета за отсутност од закрепнувањето.