2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата ŠKODA Fabia: Лидер во својата класа според EuroNCAP тестовите

Новата ŠKODA Fabia: Лидер во својата класа според EuroNCAP тестовите

New Skoda Fabia

Новата „Škoda Fabia“ е најбезбедниот мал автомобил според тестот на „Euro NCAP“ за сообраќајни незгоди. Во ноември 2014-та година, моделот на „Škoda“ постигна највисок резултат во својот сегмент.

„Euro NCAP“ ја оценува безбедноста на автомобилите во повеќе категории: заштита на возрасните и децата, заштита на пешаците и системите за безбедност.

„Со иновативните системи за безбедност и сеопфатниот безбедносен пакет, нашиот нов модел постава стандарди во својата класа. Признанието најбезбеден мал автомобил на „Euro NCAP“ тестовите го потврдува тоа“, изјави членот на управниот одбор за технички развој д-р Френк Велш.

На новата „Škoda Fabia“ и беше доделен најдобриот рејтинг од пет ѕвезди на „Euro NCAP“ тестовите и тоа во сите четири категории (заштита на возрасните патници, безбедност на децата, безбедносни системи и заштита на пешаците). Експертите особено ја истакнаа стабилноста на патничкиот простор. Новата „Škoda Fabia“ го освои максималниот број на поени во делот заштита на бебиња до 18 месеци, како и безбедноста на деца до три години.

Новата „Škoda Fabia“ на македонскиот пазар ќе биде достапна од месец март 2015-та година.

Новата генерација на моделот ги освојува клиентите со својот експресивен дизајн, извонреден стил и одлична технологија со која се зголемува безбедноста и комфорот. Реакциите на медиумите и клиентите за сега се многу позитивни. Првите споредбени тестови беа спроведени од страна на водечките трговски списанија, кои го поставија овој мал автомобил меѓу фаворитите.

Во новата „Škoda Fabia“ се вградени иновативни безбедносни системи кои претходно беа достапни само кај возилата од повисоките класи. Најновата генерација на моделот има опција за вградување на системот „Front Assistant“ со интегриран „City Emergency Braking“ – безбедносен систем за сопирање во итни случаи во градски услови, а кој внимава на пешаците. Системот користи радар кој постојано го мери растојанието до возилото пред вас и интервенира доколку автомобилот е премногу блиску. За прв пат кај новата „Škoda Fabia“ се вградува и системот „multi-collision brakes“ кој го намалува ризикот од повеќекратен судир.

Покрај тоа, новата „Škoda Fabia“ сега доаѓа со опција за вградување на детектор на замор. Безбедносните системи вклучуваат и систем за ограничување на брзината, систем за контрола на возилото при угорнини и електронски систем за следење на притисокот во пневматиците.

Совршено хармонизираниот безбедносен пакет кај новата „Škoda Fabia“ обезбедува најдобра можна заштита во случај на несреќа. Во моделот можат да се вградат до шест воздушни перничиња на предниот дел, по страните како и воздушни завеси кои ги штитат патниците и доаѓаат во комбинација со вкупно пет безбедносни појаси кои имаат три точки на затегнување. Кај цврстата каросерија особено се оптимизирани зоните за деформација со што е зголемена пасивна безбедност.

Новата „Škoda Fabia“ ја заокружува гамата на „Škoda“, така што сега сите возила на „Škoda“ имаат највисок безбедносен рејтинг. Сите седум сериски возила на брендот ги освоија максималните пет ѕвезди на „Euro NCAP“ тестовите почнувајќи од најмалиот автомобил „Citigo“ до знаменосецот на брендот „Škoda Superb“.

Врвниот рејтинг е резултат на долгогодишното искуство, вложувањата и напорите на компанијата за максимална активна и пасивна безбедност на сите возила. „Euro NCAP“ (Европска програма за проценка на новите автомобили) е независен конзорциум на европските министерствата за транспорт, автомобилски здруженија, осигурителни компании и здруженија за заштита на потрошувачите. Организацијата ги тестира новите возилата во случај на сообраќајни незгоди и ја проценува нивната безбедност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП