17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија веројатно ќе излезе од рецесија во првиот квартал од 2015

Италија веројатно ќе излезе од рецесија во првиот квартал од 2015

italija-nova-italy

Италија веројатно ќе излезе од рецесија во првиот квартал оваа година, но ќе продолжи да бележи слаб раст во претстојните месеци, изјави вчера гувернерот на Банката на Италија, Салваторе Роси, повикувајќи на одлучно политичко делување за цврсто закрепнување.

Во говорот на Универзитот во Удине, на северот во Италија, Роси изјави дека во периодот од јануари до март би требало да дојде до благ раст на БДП, што би бил прв квартал со зголемување на италијанскиот БДП по три ипол години, пренесува Ројтерс.

Роси изјави дека БДП на Италија е помал за околу девет проценти во однос на нивото од 2007 година, додека тој се намалил во истиот период за пет проценти во Шпанија, а се зголемил за два проценти во Франција и за пет проценти во Германија.

Роси, исто така, смета дека повеќето мали и средни италијански претпријатија, меѓу кои повеќето не се конкурентни, треба да се спојат поради зголемување на инвестициите.

Тој побара и подобро универзитетско образование за напредок во областа на иновациите и со цел обезбедување на квалификувани вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП